Зеленски: Ќе дојде најдобриот ден во нашите животи

Од:

Украина ќе ја „победи“ Русија, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога Украина е ослабена и влегува во третата година од војната, помошта од сојузниците постепено „пресушува“, а руската воена машинерија напредува.

„Ние се бориме за тоа. 730 дена. И ќе победиме… и тоа ќе биде најдобриот ден во нашите животи“, рече Зеленски во говорот на воениот аеродром Гостомел во близина на Киев, местото на клучната битка со Русија во раните денови на инвазијата која започна на 24 февруари 2022 година.

Рускиот претседател Владимир „Путин мора да изгуби апсолутно се, како овде во Гостомел“, рече Зеленски.

До него стоеја претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, италијанската премиерка Џорџија Мелони, канадскиот премиер Џастин Трудо и белгискиот премиер Александар де Кро, кои допатуваа во Украина по повод втората годишнина од инвазија на таа земја.

Во попладневните часови, Мелони треба да претседава со виртуелен состанок на земјите-членки на Г7 за Украина од катедралата Света Софија во центарот на Киев. Ќе биде присутен и претседателот Зеленски, а ќе се разговара за нови санкции против Москва.

Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, рече дека и покрај тешкотиите, тој е „убеден дека украинската победа е во единство“.

„Светлината секогаш ја победува темнината!“, напиша тој на Телеграм.

Во меѓувреме, руската армија зајакнува на истокот на земјата во близина на Маријинка, област која Киев сега ја нарекува „жешка точка“.

Би можело да ве интересира

Синот на Трамп го исмева Зеленски

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Трамп: Имав многу добар разговор со Зеленски, ќе ја завршам војната во Украина пред јануари

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници