Зеленски ќе добие оружје од Трамп преку НАТО

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле да разговараат почесто во иднина за да ги координираат своите чекори.

„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошната соработка за да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски рече дека тој и Трамп се согласиле да разговараат почесто за да ги координираат чекорите во иднина.

Трамп вчера им рече на новинарите дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.

„Ќе произведуваме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди изјавата на Трамп, опишувајќи ја како „сосема логична“.

Вредноста на оружјето се мери во милијарди евра, а би ги вклучувала и противвоздушните ракети „Патриот“ што на Украина итно ѝ се потребни за да ги брани своите градови од руските воздушни напади.

Би можело да ве интересира

Трамп одобри воен буџет од над 900 милијарди долари за фискалната 2026 година

Зеленски: На Украина итно ѝ се потребни пари, се соочуваме со дефицит

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

Зеленски: Украина нема ракети за некои системи за воздушна одбрана

ВИДЕО: Украинците погодија танкер во Ростов, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ја спасил државата и економијата, за сите проблеми е виновен Бајден – Трамп и се обрати на нацијата