Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја објави честитката што ја добил од американскиот претседател Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина.
Трамп во пораката до Зеленски и украинскиот народ ја истакнал долгогодишната соработка меѓу двете земји и им оддал признание на Украинците за нивната издржливост во услови на војна.
I received warm and heartening congratulations from President Trump @POTUS on the 35th Anniversary of the Restoration of Ukraine’s Independence:
“Dear Mr. President:
On behalf of the American people, I congratulate you and the citizens of Ukraine on your Independence Day.…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 25, 2026
„Во име на американскиот народ, ви честитам вам и на граѓаните на Украина Денот на независноста. 24 август е ден за прослава на нашето трајно пријателство, изградено врз темелите на 35 години дипломатски односи, врска која само дополнително се зацврсти откако Украина ја стекна независноста“, навел Трамп.
Тој додал дека Украинците „изградиле голема земја“ и дека САД му се восхитуваат на нивниот отпор и ги почитуваат жртвите што ги поднеле.
„Искористете го овој момент за да го прекинеме конфликтот и да изградиме траен и долгорочен мир кој ќе го ослободи огромниот потенцијал на Украина за генерациите што доаѓаат“, порачал Трамп.
Зеленски му се заблагодарил на американскиот претседател, но истовремено потсетил на потребата на Украина од дополнителни пресретнувачки ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.
„Овие зборови, исто како и звукот на лансирањето на ракетите Patriot PAC-3, ни го подигнуваат моралот и ни даваат надеж дека животите можат да бидат заштитени од бруталните руски напади и дека може да се постигне достоинствен мир. Ви благодарам, претседателе Трамп, и на сите Американци за вашата поддршка и честитките“, напиша Зеленски.
Во меѓувреме, британскиот премиер Енди Барнам изјави дека европските лидери размислуваат следниот состанок на „Коалицијата на волни“ да се одржи на маргините на Генералното собрание на ОН во септември. Една од целите е да се обезбедат дополнителни залихи пресретнувачки ракети „Патриот“ за Украина.
Зеленски претходно изјави дека на Украина за претстојната зима ѝ се потребни до 360 пресретнувачки ракети „Патриот“.
