Зеленски: Извршен е еден од најмасовните ракетни напади врз Киев

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила еден од најмасовните напади со балистички ракети врз Киев и неговата околина, лансирајќи повеќе од 40 ракети од различни видови, како и 120 дронови, во кои едно лице е убиено, а 16 се повредени.

Зеленски на платформата X изјави дека интервенциите на службите за итни случаи продолжуваат на три локации, со распоредување на речиси 600 припадници на службата.

„Исто така е важно да се продолжи со притисокот врз Русија, паралелно со нашата работа за зајакнување на капацитетите за балистичка ракетна одбрана. Доцнењето во донесувањето нови одлуки ѝ дава можност на Москва да планира не само нови напади врз нашите луѓе, туку и начини за заобиколување на новите санкции“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Кличко ги повика жителите на Киев да се подготват за најлошото сценарио во текот на зимата

А1он

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“