Зеленски имал сериозна кавга со Орбан

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за обидот да посредува меѓу Украина и Русија, посочувајќи дека тој нема моќ да влијае на рускиот претседател Путин.

Во таа прилика Зеленски изјави дека Украина е силна земја и дека тоа го покажала на бојното поле против агресијата на Путин.

„Кој друг во Европа има такво искуство? Никој. Дали Орбан има таква војска? Не. Како би извршил притисок врз Путин? Со шега, насмевка? Може да го задржи за себе“, тврди Зеленски.

Зеленски истакна дека на Украина и се потребни директни односи со САД, без посредници.

„Премиерот Орбан, кој сака да постигне мир во Украина… знаете, „некако, некаде…“ нема да успее. Нема да дозволам тој или луѓето како него да се занимаваат со тоа“, додаде украинскиот претседател, нагласувајќи дека тој зборуваше за унгарскиот премиер, а не за унгарскиот народ кој ја поддржува Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски и се обрати на нацијата, им порача на Украинците дека следната година е клучна

А1он

Трамп не го покани Зеленски на инаугурацијата во јануари

А1он

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски

Зеленски: Русија распореди повеќе севернокорејски војници да го бранат Курск

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на Трамп објави монтирано видео на кое татко му го удира Зеленски со нога во глава

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Се надевам дека Орбан нема да му се јави и на Асад