Зеленски го назначи Василиј Маљук за вршител на должноста шеф на Службата за безбедност

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Василиј Маљук за вршител на должноста шеф на Украинската служба за безбедност, се вели во декретот објавен денеска на веб-страницата на шефот на државата.

– Првиот заменик-претседател на Службата за безбедност на Украина Василиј Василиевич Маљук привремено ќе ги извршува должностите началник на Службата за безбедност на Украина, се наведува во документот.

Зеленски претходно потпиша укази за разрешување на генералната обвинителка Ирина Венедиктова и шефот на Украинската служба за безбедност, Иван Баканов, поради бројни факти за државно предавство од страна на вработени во две агенции.

Според украинскиот лидер, во Украина се покренати 651 кривична постапка по написи за велепредавство и колаборационистички активности на полицајци, од кои некои веќе се обвинети.

Како што објасни денеска заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Андреј Смирнов, Венедиктова и Баканов не се отпуштени, туку суспендирани од должноста додека трае истрагата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина