Зеленски го назначи Кирил Буданов за нов шеф на кабинетот, на местото на разрешениот Андриј Јермак

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи сегашниот шеф на Главната разузнавачка управа, Кирил Буданов, да го предводи неговиот кабинет.

Зеленски објави на Телеграм дека Буданов ќе го замени претходниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, кој беше разрешен на 28 ноември 2025 година поради обвинувања за вмешаност во корупциска шема поврзана со средствата за одбрана, објави Укринформ.

„Се сретнав со Кирил Буданов и му понудив да ја предводи Кабинетот на претседателот на Украина. Сега Украина треба да се фокусира повеќе на безбедносните прашања, развојот на одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот пат во преговорите, а Кабинетот на претседателот ќе служи првенствено за исполнување на ваквите задачи на нашата држава“, напиша Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски