Зеленски: Брутален руски напад, повеќе од 20 убиени лица

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го осуди рускиот воздушен напад врз селото Јарова во регионот Донецк, во кој, според прелиминарните податоци, загинаа повеќе од 20 цивили. Нападот се случил во времето на исплата на пензијата.

„Брутално дивјачки руски воздушен напад со воздушна бомба врз селото Јарова во регионот Донецк. Директно врз луѓе. Обични цивили. Во времето на исплата на пензијата. Според прелиминарните информации, загинаа повеќе од 20 лица. Немам зборови… Мое сочувство до сите семејства и најблиски на жртвите“, рече Зеленски.

Тој додаде дека ваквите руски напади не смеат да останат без одговор од светот.

„Русите продолжуваат да уништуваат животи, избегнувајќи нови силни санкции и нови силни удари. Светот не смее да молчи. Светот не смее да остане непроменет. Потребни се силни акции за да се принуди Русија да престане да носи смрт“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина