Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бара мировниот договор да содржи конкретен датум за влез на Украина во Европската Унија, бидејќи во спротивно Русија, преку своите претставници, ќе се обиде да го забави овој процес.

„Сакам точен датум. Ве уверувам, ако договорот, кој го потпишаа Америка, Русија или (рускиот претседател Владимир) Путин, јас како претседател на Украина и Европа, нема датум, Русија подоцна ќе направи сè за да го блокира процесот. И не мора со свои раце, туку со рацете на одредени претставници на Европа“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој посочи дека пример за таква ситуација е денешната неможност за отворање на преговарачки кластери.

„Сведоци сме дека кластерите не се отвораат, имаше проблеми со кандидатурата… Затоа, за нас, уште еднаш, ЕУ значи конкретни резултати, бидејќи, повторувам, таа претставува и безбедносни гаранции“, нагласи украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека Украина ќе направи сè за да биде технички подготвена за членство во 2027 година.

„Барем ќе ги направиме главните работи“, рече тој.

Како што објави Укринформ, повикувајќи се на Блумберг, ЕУ разгледува различни опции за вклучување на членството на Украина во иден мировен договор.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“