Зеленски: Ако „падне“ Бахмут, Путин ќе победи

Од:

Украинските сили се уште се обидуваат да ја задржат контролата врз Бахмут, град на истокот на земјата, кој е под жестока битка веќе седум месеци. Загубите на двете страни се големи, но Русите успеаја полека да напредуваат и да го опколат Бахмут.

Некои западни воени аналитичари веруваат дека напорите на Украина се залудни и дека инсистирањето на одбраната ќе ги ослабне за понатамошни борби, но претседателот Володимир Зеленски тврди дека секој украински пораз ќе и обезбеди на Русија нови можности за понатамошни победи.

„Ако Владимир Путин намириса на крв и оцени дека сме слаби, ќе турка до крај“, рече тој во интервју за Асошиетед прес.

Ако Бахмут падне во руски раце, Путин „ќе ја продаде својата победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран, додаде Зеленски.

Тоа, тврди тој, би довело до зголемен притисок од меѓународната заедница, како и од украинскиот народ.

„Нашето општество е уморно. Нашето општество ќе ме принуди на компромис“, рече Зеленски, кој неодамна ги посети местата во близина на Бахмут за да обезбеди морална поддршка на војниците кои се борат за градот.

Украинската војска неодамна објави снимка со беспилотно летало од Бахмут на која се гледа степенот на уништување на украинскиот град.

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира