Зелено светло за изградба на 942 нови еврејски станбени објекти во источен Ерусалим

Од:

Израелските власти во Ерусалим одобрија изградба на нови 942 станбени објекти за еврејските доселеници во источниот дел на градот, изјави претставник на локалните власти, кој додаде дека живеалиштата ќе бидат изградени во квартот Гило.

Израелската Влада пред два дена одобри проекти за други 1.187 станбени објекти на Западниот Брег и во источен Ерусалим.

Плановите за продолжување на изградбата на станбени објекти за еврејските доселеници ги разлути Палестинците, а меѓународната заедница ги оцени како несоодветни, имајќи предвид дека утре во Ерусалим се очекува да бидат обновени израелско-палестинските преговори.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки