Здравствената реформа на Обама почнува и покрај запирањето со работа на администрацијата

Од:

Милиони Американци ќе дознаат денеска што всушност нуди новиoт закон за здравствено осигурување предложен од претседателот Барак Обама, во момент кога запира работата на владини служби и кога администрацијата отвора нови берзи за осигурување во 50 држави.

Чекорот е дел од внатрешната политика на Обама која има цел да обезбеди субвенционирано здравствено осигурување за милиони неосигурани Американци. Тоа е најамбициозната социјална програма во САД од претставувањето на Медикер во 60-те години од минатиот век.

И покрај клучните промени, кои стапуваат на сила денеска, постои несигурност за резултатот на т.н. Обамакер, јавува ДПА.

Неосигурените Американци кои не добиваат здравствено осигурување од работодавачите ќе треба да си купат осигурување или ќе бидат казнети од почетокот на јануари. Оваа недела ќе може да купат здравствено осигурување од он-лајн фирми за осигурување.

 Владата веќе овозможи пролонгирање за една година воведување на друг клучен елемент од законот со кој се бара сите фирми со над 50 вработени да понудат здравствено осигурување.

Републиканците кои се опозиција, со месеци се борат да ги спречат Обамакер и најновиот резултат е денешното затворање на владините служби.

Очекувањата за последиците од реформата – дали таа ќе ги намали расходите и ќе обезбеди повеќе Американци да имаат здравствено осигурување, или ќе ги зголеми расходите и ќе предизвика затворање работни места – се прашање на гледна точка, наведува ДПА.

Републиканците сметаат дека тој проект е штетен бидејќи ќе ги зголеми расходите за здравствено осигурување на работодавачите и ќе го ограничи вработувањето.

Трговскиот синџир Хоум дипот соопшти дека нема да осигура 20.000 вработени на неполн работен ден. Ју-Пи-Ес соопшти дека нема да ги осигурува сопругите или сопрузите на вработените.

Се очекува во 2014 година околу седум милиони Американци да се осигураат преку берзите кои од денеска почнуваат со вклучување луѓе во нови планови за осигурување и ќе прифаќаат молби до 31 март.

Дополнително се очекуваат осум милиони Американци да добијат здравствено осигурување од проширувањето на владината програма Медикејд за сиромашни луѓе.

Според анкета на Галуп, 49 отсто Американци не ја одобруваат реформата, додека 41 отсто ја одобруваат. Околу 30 отсто тврдат дека не се запознати со деталите од законот. Според анкетата, 65 отсто од неосигурените Американци планираат да побараат осигурување за да избегнат плаќање казни. Околу 25 отст онавеле дека повеќе би сакале да ја платат казната.

Аналитичари од Прајс-Вотерхаус-Куперс сметаат дека околу 30 милиони Американци ќе бидат осигурени благодарение на реформата – 45 отсто сами ќе си купат осигурување, 32 отсто ќе бидат во оние чие осигурување се покрива од владини фондови за сиромашни и 23 отсто ќе бидат осигурани од работодавачите за првпат.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак