Зборовите на Волфганг Шобле не поминуваат во Франција

Од:

Зборовите на германскиот министер за финансии Волфганг Шобле, кој во четвртокот изјави дека на Франција и се потребни реформи, не поминуваат во француската политичка јавност, јави дописникот на МИА од Париз.

Волфганг Шобле, кој е познат по неговите директни изјави, на дебатата посветена на еврозоната под наслов: „Еврозоната во моментот на избор“, организирана во Институтот „Брукинг“ во Вашингтон, изјави дека Франција „ќе биде задоволна ако некој го притиска Парламентот, но тоа е тешко, тоа е демократија“.

Овие зборови тој ги кажл откако ги спомена реформите во Шпанија, кои според него биле „многу успешни“ под супервизија на тројката.

– Ако зборувате со моите француски пријатели, било да е тоа Мишел Сапан (министерот за финансии) или Емануел Макрон (министерот за економија), тие имаат долги приказни да ви раскажат за тешкотиите да се убеди јавното мислење и Парламентот за потребата од реформа на пазарот на трудот, изјави Шојбле, кој е приврзаник на буџетската дисциплина:

Како одговор на ова, Мишел Сапан изјави дека „Франција мрази кога ја притискаат“.

Првиот секретар на владејачката Социјалистичка партија (ПС), Жан-Кристоф Камбаделис и лидерот на Фронтот на левицата (ФДГ) исто така изразија незадоволство од зборивите на Шобле.

За европратеникот Жан-Лук Меланшон, Шојбле треба да му се извини на францускиот народ. Овие зборови, според него, ја илустрираат „германската ароганција во моментот кога таа доминира во Европа и која ја става под свите правила’. Според Меланшон, Шобле е „охрабрен од поплаките на француските министри кои се жалат кај него од своите сонародници“.

Заменик претседателот на Националниот фронт (ФН), Флоријан Филипети од своја страна изјави дека изјавите на Шојбле ја „компромитираат гордоста на Франција“. Според него, француската влада треба да го повика германскиот амбасадор во Париз и да побара официјално извинување од германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени