Водечкиот американски стратег Збигњев Бжежински го одбива израелскиот притисок за формирање на американска национална политика за безбедност со барабаните за војна против Иран. Вашингтон нема слепо да го следи Тел Авив доколку Израел одлучи еднострано да го нападне Иран, рече тој.
Бжежински изјави дека нема да го советува претседателот Барак Обама да ја поддржи воената акција против Иран ако Израел почне војна. Тоа го рече на конференцијата организирана од Националниот иранско-американски совет и Здружението за контрола на оружјето.
Ако Израел го нападне Иран пред да ја помине американската црвена линија, Збигњев Бжежински смета дека не постои “имплицитна обврска” за САД “да го следат како глупава мазга тоа што Израелците ќе го направат.”
“Ако одлучат да започнат војна, само врз претпоставката дека ние автоматски ќе бидеме вовлечени во неа, мислам дека обврска на пријателите е да кажат “нема да носите државни одлуки за нас,” рече Бжежински.
“Мислам дека САД имаат право на сопствена национална безбедносна политика. Верувам дека повеќето Американци ќе се согласат со тоа. Затоа јасноста на ова прашање е важна, особено ако се обврземе, експлицитно и обврзувачки, во однос на безбедноста на Израел”, рече тој.
Бжежински објасни дека се залага за формула “направена да замрзне каква било закана во не-закана.”
“Освен доколку некој убедливо не докаже дека земја со 85 милиони луѓе (Иран има население од 78 милиони – RT) е повисок приоритет од колективното самоубиство, а мислам дека за тоа нема никакви докази”, објасни Бжежински.
Во изминативе месеци, администрацијата на Обама ги отфрли сите обиди од страна на Израел да ги вовлечат САД во воена операција против Иран. Вашингтон во неколку наврати предупреди дека ако Тел Авив одлучи да ги нападне нуклеарните објекти на Иран, ќе мора да се соочи со последиците.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека има голема надеж во разурнувачките меѓународни санкции наметнати врз Исламската Република Иран.
И покрај одлучноста на Вашингтон во врска со иранскиот проблем, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и понатаму продолжува да бара воена интервенција против Техеран.