Заврши заложничката криза со египетскиот авион

Од:

Лицето, кое утрово киднапираше авион на египетската авиокомпанија „Иџиптер“, и се предаде на кипарската полиција.

Како што јави кипарската државна телевизија, киднаперот со кренати раце излегол од авионот и им се предал на полицајците распоредени околу леталото.

Според телевизијата, претходно од авионот излегле седум лица, за кои се претпоставува дека се преостанатите киднапирани патници и членови на екипажот на леталото.

По објавувањето на веста за предавањето на киднаперот, Министерството за надворешни работи на Кипар на својот официјален налог на Твитер објави дека заложничката криза „завршила“.

Египетскиот авион „Ербасот А320“, кој сообраќаше на релација Александрија-Каиро, беше киднапиран изутрината, по што киднаперот го принуди пилотот да слета на аеродромот во кипарскиот град Ларнака.

Претпладнево киднаперот ги ослободи речиси сите патници од авионот, по што во него останаа само членовите на екипажот и неколкумина странци. Медиумите јавија дека патниците се ослободени по преговорите меѓу кипарските власти и грабнувачот.

Во моментот на киднапирањето во авионт имаше 55 патници  и седум членови на екипажот.

Аеродромот во Александрија, од каде авионот полета, соопшти дека во авионот имало 30 Египќани, осум Американци, четворица британски државјани, двајца Белгијанци, четворица Холанѓани и еден италијански државјанин.

Египетските државни медиуми тврдат дека авионот е грабнат од египетскиот државјанин Ибрахим Самаха, на возраст од 27 или 28 години, а неговите мотиви засега се нејасни. Тој е вработен како професор по ветеринарна медицина на Универзитетот во Александрија.

Египетскиот амбасадор Мустафа Бакри на Твитер објави дека  Самаха побарал „политички азил“ во Кипар.

Кипарските медиуми тврдеа дека на Кипар живеела поранешната сопруга на киднаперот. „Сајпрус мејл“ јави дека тој побарал да разговара со неа, а американската агенција „Блумберг“ тврди дека тој побарал да и се предаде негово писмо. Ваквите медиумски наводи, се уште, не се и официјално потврдени.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина