Заврши состанокот на израелскиот воен кабинет: „Ги одобривме плановите“

Од:

Израел ќе одговори на иранскиот напад, но сè уште не се донесени конечни одлуки за големината или времето на одговорот, изјави израелски претставник за NBC News.

„Јасно е дека Израел ќе одговори, прашање е кога и до кој степен“, додаде функционерот по неколкучасовниот состанок на воениот кабинет.

Официјалниот претставник рече дека меѓу размислувањата биле дали Израел треба веднаш да возврати или може да си дозволи да чека, и какво влијание ќе има каква ескалација против Иран врз операциите на Израел во Газа.

Говорејќи за новинарите, портпаролот на војската на Израел Даниел Хагари не одгвори прецизно на прашањето дали има дефинитивна одлука за напад на Иран.

– Имаме дефанзивни и офанзивни планови, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Нашата цел е да ги заштитиме нашите граѓани. Во следните 24 часа ќе донесеме одлука за тоа како ќе одговориме.

Оваа изјава укажува дека израелските одбранбени сили подготвиле стратегии за одбрана и напад, но деталите за тие планови не се јавно достапни.

„Израел одобри оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција“, рече тој, говорејќи за медиумите на англиски јазик.

„Во текот на последните два часа одобривме оперативни планови и за офанзивата и за одбранбената. Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме побезбедна и постабилна иднина за целиот Блиски исток“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа