Бидејќи добија зголемување на платите, вработените на париските аеродроми денеска одлучија да го прекинат штрајкот.
Одлуката за прекин на штрајкот е донесена пред официјалниот почеток на летниот одмор во Франција.
Постигнат е договор за зголемување на платата за три отсто, а состанокот се одржа во просториите на парискиот меѓународен аеродром Роаси-Шал-де-Гол.
Со прекин на штрајкот ќе се избегне одложување или откажување летови на париските аеродроми, што овој викенд ги очекуваат неколку десетици илјади патници.
Извор: МИА