Заврши процесот на создавање на Евроазискиот економски сојуз

Од:

Лидерите на Русија и четири поранешни советски републики денеска го завршија процесот на создавање нов амбициозен сојуз, кој има за цел да ја зајакне нивната економска интеграција.

Евроазискиот економски сојуз, кој ги обединува Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, ќе почне да функционира од 1 јануари 2015 година. Ерменија, која ги ратификува сите потребни документи, ќе стане полноправна членка на сојузот од 2 јануари, а Киргистан се очекува официјално да се приклучи во мај следната година.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека новиот сојуз ќе има вкупен бруто домашен производ (БДП) од 4,5 билиони долари и потрошувачки пазар од над 170 милиони луѓе.

– Евроазискиот економски сојуз е отворен за соработка со сите наши соседи во рамки на Заедницата на независните држави, како и за нашите партнери на исток и запад, истакна Путин.

Сојузот ќе функционира врз основа на нормите и принципите на Светската трговска организација (СТО) и ќе гарантира слободно движење на стоки, услуги, капитал и работна сила.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска