Заврши опсадата на хотелот во Могадишу, најмалку 17 луѓе загинаа

Од:

Сомалиската полиција воспостави контрола над хотелот „Мака Мукарамах“ во Могадишу, кој беше под 12-часовна опсада на исламистичките борци. Во борбите убиени се 17 и повредени над 20 луѓе.

Одговорноста за нападот врз хотелот ја презеде Ал Шабаб, група поврзана со Ал Каеда.

Хотелот „Мака Мукарамах“ е посетуван од високи сомалиски претставници и од странци.

– Меѓу убиените е и амбасадорот на Сомалија во Швајцарија, војници, цивили и членови на обезбедувањето на хотелот, изјави висок полициски претставник.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија