Заврши гласањето на парламентарните избори во Австралија

Од:

Во Австралија заврши гласањето на парламентарните избори, а некои опозициски лидери се уверени дека ќе формираат влада на лев центар, чиј фокус ќе биде намалување на емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Околу 11 милиони Австралијци гласаа за избор на нов состав на австралискиот Федерален парламент, по 36-дневна изборна кампања во која главни теми беа климатските промени и состојбата во економијата.

Жителите на Австралија избираат 40 од вкупно 76-те членови на Сенатот и сите 151 членови во Претставничкиот дом. За сенаторските места се борат 458, а за членови на Долниот дом вкупно 1.056 кандидати.

Главната битка сепак ќе се води за Претставничкиот дом, бидејќи партијата или коалицијата што ќе освои мнозинство во него ќе добие мандат да формира Влада.

Како што јави ДПА, последните анкети на јавното мислење покажуваат дека опозициската левоцентристичка Лабуристичка партија на поранешниот синдикален активист Бил Шортен најверојатно ќе извојува тесна победа над владејачката конзервативна коалиција на Либералната и Националната партија, предводена од премиерот Скот Морисон.

Владејачките конзервативците во кампањата ветуваа платформа на стабилност и на подобро управување со економијата, додека лабуристите најавуваа засилена борба против климатските промени.

Гласањето, кое се одвива на околу 7.000 избирачки места во континенталниот дел на земјата и во прекуморските територии, вклучително и на Антарктикот, започна во 8 часот по локално време.

Австралија е една од ретките земји во кои гласањето е обврзно, па така излезноста секогаш е голема. Казната за неизлегување на избори изнесува 20 австралиски долари (14 американски долари).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа