Заврши бунтот во бразилскиот затвор, деветмина убиени

Од:

Бунтот во затвор Феира де Сантана, североисточен Бразил, при што се убиени девет лица, заврши со ослободување на 70 заложници, соопшти полицијата.

– По 18 часа преговарање бунтот заврши, изјави портпаролот на полицијата.

Бунтот изби во неделата за време на посета во затворот Феира де Сантана, 100 километри од градот Салвадор де Бахи.

Затворениците во неделата убија осум осуденици, а деветтиот подоцна им подлегна на повредите.

Затворениците вооружени со ножеви киднапираа посетители, меѓу кои имаше и жени и деца, барајќи да разговараат со претставници на локалната комисија за заштита на човековите праца за условите во затворот.

Во затворот предвиден за 644 осуденици казна издржуваат 1.467 лица.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски