Заврши антитерористичката акција во Грозни, откриени осум трупа и 24 рачно изработени бомби

Од:

Заврши активната фаза од антитерористичката операција во чеченската престолнина Грозни против групата екстремисти, кои го нападнаа Домот на печатот, во центарот на градот.

Меѓу урнатините на разурнатата зграда и на соседното училиште се најдени телата на осум бандити, како и 24 рачно изработени експлозивни направи, подготвени за употреба, како и гранати и муниција, соошти ТАСС, цитирајќи го рускиот Национален антитерористичкин комитет (НАК).

И натаму трае претресот на пошироката територија на која се водеше борбата со сега веќе неутрализираните терористи.

Експерти за пиротехника почнале со деминирање на експлозивните направи.

Полицикси форензичари, пак, се обидуваат да ги идентификуваат телата на убиените бандити, се проверува нивното евентуално соучесништво во други терористички злосторства, се изведуваат оперативно-трагачки и истражни дејствија.

Како што НАК денеска соопшти, во специјалната операцијата загинаа 10 и ранети се уште 28 полицајци и соработници на силите за безбедност, кои по цена на својот живота го спречиле терористичкиот акт.

Напаѓачите, во 1 часот по полноќ, пристигнале во Грозни со три автомобили и притоа ја нападнале патролата на сообраќајната полиција. Потоа упаднале во Домот на печатот, каде се наоѓаат редакциите на весниците и интернет-изданијата во оваа руска кавказка република, како и соседното училиште.

Полицијата ги блокирала двете згради, а во центарот на градот бил воведен специјален режим на движење за време на изведувањето на за контратерористичката операција. Тоа на безбедносните сили им дало можност да дејствуваат бескомпромисно во ликвидирањето на бандитите, посочува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Мистеријата на најблискиот соработник на Кадиров: Украинците тврдат дека Саидов е убиен, Русите го објавија неговото видео

А1он

Кадиров се заканува: Ќе ги победиме сатанистите

Ана Ололовска

Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров се повлекува од функцијата

Ана Ололовска

Чеченскиот лидер Кадиров: Распоредивме сили во Украина, бараме соборување на владата

Ана Ололовска

САД воведоа санкции против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Жарко Настоски