Затворска казна за пилот што паднал пијан во пилотската кабина

Од:

Пилотот на канадската ниско буџетска компанија „Санвинг Ерлајнс“ Мирослав Гронич (37) кај кого во крвта е најден трипати повеќе алкохол од дозволеното е осуден на осум месеци затвор, откако паднал во несвест пијан во пилотската кабина, со намера да полета со авионот.

Инцидентот се случил во Калгари, во Канада, додека авионот се подготвувал да полета со туристи на првиот ден од Нова година, за мексиканското летувалиште Канкун.

Пилотот е Словак по националност, оженет и татко на две деца.

Неговиот адвокат се обидувал на судењето да објасни дека Гронич пиел неколку чашки претходната ноќ, но зел и некој лек, за настинка, верувајќи дека ќе заболи од потежок облик на грип.

Но истрагата покажала дека тој пиел и другата ноќ, а потоа заминал на аеродром, на работа.

Заедно со затворската казна, пијаниот пилот, е истеран од работа и му е забрането да пилотира, со каков било авион една година, по излегувањето од затвор.

Канадските власти во меѓувреме соопштија дека Мирослав Гронич откако ке биде ослободен од затворот, ќе виде депортиран од Канада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски