Затворените каталонски лидери го прекинаа штрајкот со глад, го тужат Мадрид во ОН

Од:

Четворицата каталонски лидери, кои од октомври 2017 година во затвор чекаат судење за побуна против Шпанија, го прекинаа штрајкот со глад откако ги исполнија целите и ја тужеа Шпанија во ОН, објавено е денеска, еден ден пред најавениот протест против посетата на премиерот на Шпанија на Барселона.

-Денеска, 20 дена од почетокот, го прекинуваме штрајкот со глад, се вели во заедничката изјава, која ја прочита портпаролката Пилар Калво.

-Одлуката за прекин на штрајкот со глад беше донесена кога тие оценија дека нивните цели се исполнети – да се запознаат надлежните со нивната состојба и да го убедуваат Уставниот суд да одговори на поднесените тужби, рече портпаролката.

Четворицата лидери го обвинија Уставниот суд дека ги блокира нивните тужби и на тој начин ги спречува да побараат заштита од европско судско поради кршење на нивните права во Шпанија.

Додека штрајкуваа со глад, Уставниот суд отфрли две од нивните претставки – за притворот и укинувањето на должноста на покраински советник за еден од нив. Бидејќи судот ги отфрли нивните тужби, тие сега можат да се обратат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур,објасни портпаролката.

Карлос Пуџдемон денеска објави дека поднел тужба до Одборот за човекови права на ОН поради „суспендирање” на политичките права на петмината сепаратистички каталонски лидери. Во изјавата за новинарите во Женева, тој објасни дека оваа тужба предупредува дека „во Шпанија е многу се кршат правата и слободите, што е неприфатливо во рамките на правнаата држава на Европската унија”.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата