Затвореници од Гвантенамо се префрлаат во Србија

Од:

Двајца притвореници од затворот во Гвантенамо на Куба, се префрлаат во Србија, соопшти Стејт Департментот изразувајќи благодарност до Србија за “големата помош“.

САД се благодарни на Србија зашто им понудила преместување на двајца притвореници од американскиот затвор, истакнува Стејт Департментот.

Американскиот министер за одбрана го објави трансферот на Мухамед Давлотов од Таџикистан и на Масур Ахмад Саад ал-Дафи од Јемен, се наведува во соопштението.

САД како што се наведува во текстот, високо ја ценат помошта од Србија во моментите кога продолжуваат со напорите да ја затворат притворската единица во Гвантенамо.

-Овој значаен хумантираен гест е во согласност со лидерската улога на Србија на глобалната сцена, сенаведува во соопштението на Стејт Департментот.

Ова е првпат во Србија да се испратат притвореници од Гвантенамо, каде после овој трансфер остануваат 76 притвореници. Србија е една од 30 земји кои од 2009 година, се трансферираат околу 100 затвореници.

Двајцата кои се префлени во Србија се уапсени кон крајот на 2001 година за време на војната во Авганистан и се предадени на војската на САД која ги држеше без судење повеќе од 14 години, пишува Њујорк Тајмс, но и наведува дека имињата не се исти со оние кои ги соопштила американската влада.

Според весникот, јеменскиот притвореник некогаш веројатно бил борец од понизок ранг на страната на Ал Каеда, но го променил начинот на размислување во затворот, научил англиски јазик и завршил курсеви потребни за да добие диплома за средно образование.

Другиот, државјанинот на Таџикистан е задржан во затвор затоа што се заклучило дека не е безбедно да биде вратен во својата земја, пишува Њујорк Тајмс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски