Затворена мртовечницата во Барселона во која имаше неколку илјади жртви на коронавирусот

Од:

Погребното претпријатие „Мемора“ во Барселона денеска ја затвори привремената мртовечница која беше поставена во гаражата од објектот.

Оваа привремена мртовечница за 53 дена ги прими телата на 3.200 луѓе кои починаа како последица на коронавирусот.

Во пикот на епидемијата, бројот на починати лица дневно се искачуваше и над 900 луѓе, додека денеска починале помалку од 100 лица.

Регионите кои се најтешко погодени од коронавирусот во Шпанија се Мадрид и регионот Каталонија со главниот град Барселона.

Само во Каталонија од коронавирусот починаа речиси 6 илјади луѓе, а заразени се повеќе од 54 илјади.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени