Затворена Амбасадата на Турција во Јемен

Од:

Турските власти ја затворија Амбасадата во Јемен, а амбасадорот и персоналот се вратија во Турција, изјави претставник на турското Министерство за надворешни работи, јавува БТА.

Амбасадата на Турција во Сана е затворена поради опасноста од влошената безбедносна ситуација во Јемен.

Турското МНР наведе дека Амбасадата во Јемен повторно ќе биде отворена откако ќе се стабилизира ситуацијата во земјата.

Политичката криза во Јемен почна минатиот месец кога претседателот и владата поднесоа оставки откако шиитските бунтовници ја зазедоа претседателската палата и го задржаа претседателот Абд Рабу Мансур Хади.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“