Засилени безбедосни мерки во црквите во Велика Британија

Од:

 Британската христијанска заедница е предупредена за максимална будност, а во црквите ширум Велика Британија се воведен засилени безбедносни мерки, по бруталното убиство на еден 85-годишен свештеник во Франција, од страна на двајца млади џихадисти.

Во британската јавност постои страување дека „ритуалното“ отсекување на главата на свештеникот, пред олтарот на црквата во малото место Сен Етјен ду Рувре, недалеку од градот Руан, би можело да предизвика верска војна во Франција, која би се пренела и на британска почва.

Стравувањата се сметаат за реални, затоа што Лондон и велика Британија веќе беа цел на терористички напад пред девет години, како и затоа што земјата од поодамна се смета како потенцијална цел на нов напад од милитантните исламистички екстремисти.

Најновиот напад во Франција доаѓа само две недели по оној во Ница, кога еден француски Тунишанец уби 84 лица, меѓу кои и многу деца.

Безбедносни експерти во Лондон веруваат дека црквата и католиците сега се најновата цел на исламистичките терористи, кои спроведуваат брутално насилство на европскиот континент.
Лондонски „Дејли Телеграф“ предупредува дека идејата за војна меѓу радикалните милитантни исламисти и христијаните, е опасна и констатира дека од неа би биле задоволни само џихадистите од Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство