Засилени безбедносните мерки во Пекинг пред конгресот на КП

Од:

Во главниот град на Кина, Пекинг распоредени се околу 800.000 доброволци кои ќе соработуваат со безбедносните сили, кои ќе се грижат за редот за време на конгресот на Комунистичката партија, на која ќе биде извршена смена на раководството.

Покрај тие доброволци, има уште 600.000 волонтери, кои од денеска до 16 ноември, кои ќе помагаат за регулирање на сообраќајот.

Конгресот на Комунистичката партија ќе почне на осми ноември и се очекува да трае една недела.

Пред одржувањето на Конгресот полицијата принудила многу борци за човековите права да го напуштат Пекинг. Другите се ставени во домашен притвор, а засилена е и контролата врз интернетот.

Некои продавници во Пекинг престанале да продаваат ножеви или детски играчки – авиони со далечинско управување. Таксикомпанијата ги отстранила рачките за прозорците од задните седишта како дел од безбедносните мерки.

На историскиот партиски форум партискиот лидер и претседателот Ху Џинтао, премиерот Вен Џиабао и другите високи државни треба да се откажат од партиските функции, придржувајќи се до новите правила за пензионирање и продолжување на мандатите.

Се очекува смена на претседателот Ху и на премиерот Вен.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски