Засилени безбедносни мерки на аеродромот во Ротердам

Од:

Анонимна дојава за можен терористички напад  ги засили безбедносните мерки на аеродромот во Ротердам, се наведува во заедничкото соопштение на холандската полиција и воена полиција.

Во соопштението се посочува дека на аеродромот „преземени се дополнителни видливи и невидливи безбедносни мерки“, пренесува Танјуг.

Припадници на воената полиција со панцири и шчемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се наоѓа на шест километри северно од Ротердам.

И покрај заканата нема прекин на полетувањето и слетувањето.

Во Холандија во сила е зголемена тревога од тероризам, по минатогодишните напади во Париз.

Холандската служба за координирање на борбата против тероризмот во понеделникот соопшти дека терористичката закана во земјата може да се засили, ако Исламска држава биде победена во Сирија и во Ирак, бидејќи тогаш припадниците на џихадистичката група ќе се вратат во земјата. 

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски