Зариф: Повиците за повлекување на Асад ќе ја продолжат војната во Сирија

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф упати критика до барањата за повлекување на сирискиот претседател Башар Асад, нагласувајќи дека таквите барања само ќе ја продолжат граѓанската војна во Сирија.

Според Зариф оние кои инсистираат на протерувањето на Асад се одговорни за крвопролевањата во Сирија.

Тој не посочи конкретна земја, но според западните медиуми ги имал предвид повиците на Турција и Саудиска Арабија за повлекување на Асад. Двете сунитски држави ги поддржуваат бунтовниците, кои се борат против сирискиот претседател.

Зариф ова го изјави на заедничката прес-конференција со шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Гарсија, кој е во посета на Иран, кој истакна дека сириската криза не може да се реши со воени средства.

Според Гарсија само сирискиот народ има право да одлучи што ќе се случи со Асад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Предупредување од САД дека Иран подготвува ракетен напад, Израел одговори дека ќе има последици

Катерина Ѓуровски