Зариф: ИД е Франкенштајн кој се сврте против својот создател

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска ја нарече екстремистичкaта група „Исламска држава“ опасен феномен, предупредувајќи дека не е можно да се победи со воздушни напади.

Обвинувајќи ги другите нации дека создале „Франкенштајн кој се сврте против својот создател“, Зариф нагласи дека екстремистите од ИД не може да се уништат со бомбардирање од воздух.

Зариф во своето обраќање во Советот за надворешни работи во Вашингтон, уште еднаш изрази жалење што Иран не е повикан во Париз на состанокот за Исламската држава, додавајќи дека Техеран може да има специјална улога во борбата против оваа терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он