Заразени инјекции предизвикаа епидемија на менингитис во САД

Од:

Заразените стероидни инјекции за лекување на болки во грбот се причина за епидемијата на менингитис во шест американски сојузни држави, при што починаа најмалку пет лица, соопштија американските здравствени власти. Таквите инјекции биле препишувани во 23 сојузни држави. Досега се откриени 42 случаи на заразени со менингитис по лекувањето со таквите инјекции.

– Периодот на инкубација на заразата може да биде прилично долг и сите пациенти лекувани со спорните инјекции од први јули може да се инфицирани – наведуваат здравствените власти. Најголем број на случаи на менингитис се регистрирани во сојузната држава Тенеси, каде 29 се заразиле, од кои тројца веќе починале.

Спорните инјекциите се произведени од „Њу Ингланд Кампаундиг Сентар“ во сојузната држава Масачусетс. Компанијата почна да ги повлекува инјекциите од продажба. Симптомите на менингитис првично наликуваат на симптоми на грип.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД