Човекот кој го запознала на Фејсбук и ветувал помош во работата, но тој и уште еден осомничен ја дрогирале, тепале, сексуално ја злоставувале и ја убиле.
Синтија Осокогу, 24-годишна деловна жена и модел од Нигерија во јули, беше пронајдена мртва во хотел во Лагос, а за неколку дена ќе започне судскиот процес за нејзиното убиство, вклучувајќи го и човекот што запознала на интернет.
Ечезона Набуфора го запознала преку Фејсбук и БлекБери Месенџерот- со текот на времето тие станале многу блиски, а тој дури и понудил помош со работа во модната индустрија (таа била убедена дека тој има силни врски), но Синтија не знаела дека тој ја демнел цело време и се обидувал да ја добие нејзината доверба, за да може на крајот да ја искористи.
Како што е соопштено во CNN, Набуфора и другите осомничени дознале дека таа е ќерка на пензиониран генерал на Нигерија и претпоставувале дека има многу пари, па затоа Набуфора и предложил “понуда што не може да се одбие”- и платил авионски билет до Лагос и сместување во хотел и и ветил состанокот со своите бизнис соработници, кои треба да и помогнат околу нејзината работа.
Но, наместо проширување на деловните врски, Синтија била однесена во хотел надвор од градот, дрогирана, тепана, сексуално злоставувана и убиена.
Откако осомничените биле уапсени, полицијата контактирала со некои жени, кои биле исто така дрогирани и ограбени, но за разлика од Синтија, тие преживеале.
Нигерската полицијата се сомнева дека е убиена затоа што пружала премногу отпор, или киднаперите најверојатно биле разбеснати, бидејќи ја платиле авионска карта и хотелот и дека нема да добијат воопшто пари од неа.
По убиството, криминалци се јавиле на рецепција и им кажале „да се ослободат од телото во собата“, а додека полицијата се обидувала да го идентификува трупот, мајката на Синтија не знаела дека нејзината ќерка е мртва. Таа со денови ја повикувала на телефон, но наместо Синтија се јавиле нејзините убијци кои и рекле дека нејзината ќерка е жива, но болна и барале откуп од нејзината мајка.
По три недели, врз основа на податоци од телефонските повици и снимката од надзор камерата, полицијата ги уапсила осомничените.
Освен Ечезона Набуфора, уапсени се уште неколку луѓе, вклучувајќи го и возачот кој ги следел во нивните грабежи и киднапирања и лицето кое без рецепт им дало Rohypnol.
Ова е само еден од серијата случаи кои укажуваат на голема опасност која демне на интернет и социјалните мрежи како Фејсбук, семејството на убиената девојка се надева дека овој трагичен случај ќе ги отвори очите на младите девојки.