Започнува судењето на Ендру Тејт, обвинет е за силување, трговија со луѓе и организиран криминал

Од:

Контроверзниот инфлуенсер и самонаречен мизогинист Ендрју Тејт (36), кој кон крајот на минатата година беше уапсен во Романија, денеска ќе се појави пред судот во Букурешт. Се очекува Тејт, како и неговиот брат, да побара ослободување.

Двајцата мажи, заедно со две жени, беа обвинети за силување, трговија со луѓе и организиран криминал. Нивните адвокати ќе тврдат дека притворот е незаконски и дека треба да го вратат имотот запленет од романските власти. Романската полиција од Тејт заплени 11 автомобили.

Сослушувањето ќе започне наутро, а адвокатот на Тејт, Еуген Видинеак, изјави за Скај њуз дека може да трае цел ден. Адвокатот се очекува пред судот да каже дека нема докази против неговите клиенти освен една изјава и дека не била следена соодветна постапка.

Во обвинението се наведува дека Тејт и неговиот брат ги намамувале жените во Романија ветувајќи им романтична врска, а потоа ги принудувале да снимаат порнографски содржини.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Браќата Тејт се вратија во Романија на судењето за силување и трговија со луѓе

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат