Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнаa нов бран напади врз цели во Техеран.
– Израелските одбранбени сили започнаа масивен бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран, соопшти ИДФ, објави „Гардијан“.
Новиот бран напади дојде откако израелската војска претходно денес соопшти дека ги нападнала клучните командни центри на иранските вооружени сили во Техеран и Тебриз.
