Започнаа парламентарните избори во Австрија

Од:

 Започна гласањето за нов Парламент во Австрија. Борба за гласовите на 6,4 милиони Австријци водат вкупно девет партии. Според анкетите можност за надминување на прагот од четири проценти за влез во 183-члениот парламент имаат само седум од нив.

Гласачките места отворија во седум часот по локално време. Гласањето ќе продолжи до 17 часот, а првичните резултати ќе бидат познати нешто подоцна.

Фаворит во поголем дел од предизборната кампања беше Социјалдемократската партија, која победи и на претходните избори во 2008 година. Нејзиниот лидер, австрискиот канцелар Вернер Фајман, повторно има големи шанси да ја предводи и следната Влада.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски