Во Велика Британија денеска почнаа најголемите заеднички воени вежби оваа година на западните земји на територијата на Европската унија.
Во вежбите, кои ќе траат до 29 април, учествуваат трите рода на воените сили, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.
Воените вежби ќе се одржат на море, на копно и во воздух во различни делови на земјата.
Во вежбите учествуваат девет земји, САД, Германија, Франција, Холандија, Бразил, Канада и скандинавските држави.
Вкупниот број на војници изнесува 13 илјади, од кои пет илјади се Британци.
За време на вежбите ќе се симулира десант на крајбрежни области, напади на авијацијата на конкретни објектиа, а повеќето од операциите имаат антитерористички карактер.
Во военопоморскиот дел на вежбата учествуваат 49 воени бродови.