Запирање на израелските напади – единствениот начин да се стави крај на конфликтот

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот Иран-Израел е да се запрат нападите на Израел без никакви услови.

Тој рече дека Иран мора да се погрижи трајно да го блокира патот на „ционистичките терористички авантури“, објави Ројтерс.

Пезешкијан рече дека Иран отсекогаш се стремел кон мир и спокојство, но дека единствениот начин да се стави крај на наметнатата војна е безусловно да се запре „агресијата на непријателот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп му даде на Иран рок од две недели за разговори, започнувајќи напори за оживување на разговорите што беа во застој по минатонеделното израелско бомбардирање, објави претходно Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

„Кинескиот Нострадамус“ сo ново предвидување: Целосна инвазија на САД врз Иран ќе почне во март 2027 година

А1он

Шефот на иранскиот парламент со закана до Трамп: „Око за око, без исклучоци“

А1он

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Како планира Иран да ја добие војната

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски