Запалени христијански куќи во Пакистан

Од:

Над три илјади муслимански демонстранти запалија повеќе од сто куќи на пакистански христијани во Лахоре, главниот град на пакистанската провинција Пенџаб. Демонстрантите биле гневни поради богохулство врз пророкот Мухамед од Саван Масих, 28-годишен христијанин.

Имено, како што пренесува агенцијата „Франс Прес“ пренесува, портпаролот на полицијата Мултан Кан рекол дека инцидентот започнал кога еден млад муслима ги обвинил христијаните за бласфемија, или богохулство.Агенцијата наведува дека има 20 лесно повредени полицајци.

Според информациите од полицијата, христијаните го напуштиле градот бидејќи стравувале за нивниот живот. Во градот околу 5,8 проценти се христијани.

Пакистанскиот претседател, Асиф Али Зардари, и премиерот Раџа Первез Ашраф побараа итна истрага.
Според полицијата, демонстрантите запалиле 25 куќи, но според доктор Ахмад Раза, задолжен за спасувачката операција, како и според независниот Пакистански комитет за заштита на човекови права,бројот на запалени куќи е над 100.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица