Западни медиуми: ЕУ размислува за почеток на разговори за вакцината „Спутник V“

Од:

Европската Унија официјално ја отфрли вакцината „Спутник V“ и ја прогласи за непожелна, но зад очите на јавноста, официјален Брисел се свртува кон руската вакцина затоа што мора да имунизира 450 милиони граѓани на ЕУ и да го врати животот во нормала, дознава „Ројтерс“ од дипломатските кругови во Брисел.

Официјален претставник на ЕУ кој преговара со производителите на вакцини во име на блокот изјавил дека владите на ЕУ размислуваат да почнат разговори со производителите на Спутник V и ќе бидат потребни барања од четири држави на ЕУ за да се почне процесот.

Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека Италија планира да започне со производство на „спутник“ во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.

Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно, како резултат на недостатоците во производствениот процес.

Доколку „Спутник V“ биде одобрен во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е погодена од трговски санкции од Брисел поради анексијата на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, наведува „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он