Запад се подготвува за интервенција

Од:

Групирањето на воените авиони и транспортери во британската воена база во Кипар, е последен знак дека во Сирија е можна воена интервенција.

Според пишувањата на „Гардијан“, двајца пилоти во текот на летот на Кипар, забележале транспортни авиони од типот Ц-130, како и мали формации на борбени авиони на ЕУ, кои биле забележани и од радарите.

Британската авио база на Кипар „Акротири“, се наоѓа на околу 160 километри оддалеченост од Сирија.

Населението кое што живее во близина на базата за „Гардијан“, потврди дека во последните 48 часа е забележана поголема активност од вообичаената.

Во меѓувреме, највисоките воени официјални лица од западните и блискоисточните држави се сретнаа во јеменскиот град Аман за да разговараат за можна воена интервенција во Сирија.

Агенциите пренесуваат дека Британија испратила четири воени бродови и носач на хеликоптери во Албанија.

И Франција која што е третиот клучен фактор за започнување воена интервенција во Сирија, стационирала свои воени авиони во Обединетите Арапски Емирати.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија