Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Амстердам каде з апочна Парадата на гордоста која се одржува секоја година.
Централниот дел на прославата вклучува парада по каналите, односно шарена парада на бродовите кои поминуваат низ Амстердам.
Еден од бродовите годинава ќе биде управуван од Фудбалскиот Сојуз на Холандија.
Фудбалските ѕвезди на таа земја, Патрик Клајверт и Роналдо де Бур, како и тренерот на репрезентацијата Луј ван Гал најавија свое уество во геј парадата.