Замислете: Британскиот премиер не знае што значи „Магна Карта“

Од:

Неверојатно, но вистинито, Британскиот премиер Дејвид Камерон,не знае некои основни работи поврзани со историјата и културата на земјата, чија Влада ја раководи повеќе од 2,5 години.

Тој не знае што значи„Магна Карта“.

Kамерон е во Њујорк на сесијата на Генералното собрание на ОН.

Тој во популарното шоу на Дејвид Латерман, не знаеше да објасни што на англиски јазик значи „Магна Карта“, првата уставна повелба во светот , напрвена во Англија во 13-от век.

Британскиот премиер ја погоди годината на прогласувањето на „Магна Карта“ – 1215 година, за што во Лондон се подготвува голема прослава, за три години по повод 800-годишнината од донесувањето на овој исклучителен документ, со кои се поставени темелите на владеењето на правото во државите и е ограничено самоволието на властодршците, но не знаеше дека „Магна Карта“ преведена од латински јазик значи „Голема Повелба“.

Камерон не можеше да одговори на прашањето на Летерман кој е авторот на „неофицијалната втора химна“ на Велика Британија, популарната песна „Владеј Британијо“.Британскиот премиер призна дека не слушнал за вистинскиот автор на оваа свечена песна, Томас Арн, направена врз основа на текстот на поетот Џејмс Томсон.

Ваквото непознавање на „општо познати работи“ од домашната историја и култура, наиде на критика и потсмев кај лондонските медиуми кои му забележуваат на Камерон, ученик на најпрестижниот колеџ во земјата Итон и студент на Оксфорд, дека не знае работи кои инаку се бараат од сите странци и имигранти при полагањето на тестот за стекнување право на жителство и на британско државјанство.

Токму Камерон и неговите ториевци инсистираат на тоа дека секој што сака да живее во Велика Британија и да биде нејзин државјанин, мора да знае за историјата и за културата на земјата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство