Залужни: Украина не може да ги врати своите стари граници

Од:

Украина треба да се откаже од обидите да ги врати своите граници воспоставени по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, изјави поранешниот украински воен командант Валери Залужни, сегашен украински амбасадор во Лондон, кој беше разрешен од функцијата врховен командант на армијата во февруари 2024 година по неколкумесечни несогласувања со претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски и други функционери долго време повикуваат на протерување на руските сили и враќање на границите на Украина од 1991 година, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

– Се надевам дека во оваа просторија нема луѓе кои сè уште се надеваат на некое чудо или среќен знак што ќе донесе мир во Украина во границите од 1991 или 2022 година или на некоја голема среќа што ќе се случи подоцна, рече Залужни, како што објави новинската агенција РБК Украина.

Моето лично мислење е дека непријателот сè уште има ресурси, сили и средства да продолжи да ја таргетира нашата територија и да се обидува да извршува одредени офанзивни операции, додаде Залужни.

Анкетите покажуваат дека Залужни е еден од најпопуларните украински политичари, според светските медиуми.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски