Законот не е еднаков за сите, изјави претседателот на романскиот Врховен суд

Од:

Претседателот на Врховниот суд на Романија Ливија Станчу изјави денеска дека тоа што вчера се случи во Парламентот при гласањето на барањето за кривично гонење на премиерот Виктор Понта, покажува дека законот не е еднаков за сите граѓани на Романија.

Станчу во коментар на изјавата на претседателот Клаус Јоханис, кој вчерашниот ден го оцени како тажен ден за демократијата, изјави дека тоа што се случило во Парламентот покажува дека законот не е еднаков за сите граѓани на Романија.

Долниот дом на романскиот Парламент вчера го отфрли барањето на главниот обвинител за отворање на кривична истрага против премиерот Виктор Понта, кој беше обвинет за фалсификување декларации, даночни измами, перење на пари и конфликт на интереси.

Синоќа во Букурешт се одржа нов протест со барање за оставка на премиерот. Десетици луѓе се собраа на Универзитетскиот плоштад пред Парламентот откако тој не одобри кривична истрага на Понта, јави информативниот портал „Зиаре“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски