Зајберт: Германија не е подготвена да прима бегалци од турско-грчката граница

Од:

Илјадниците бегалци и мигранти кои се натрупаа на границата меѓу Турција и Грција не можат да влезат во Европската унија, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

-На надворешната граница на ЕУ со Турција, по копно и по море, преживуваме ситуација која предизвикува сериозна загриженост. Гледаме бегалци и мигранти, на кои турската страна им кажала дека патот за ЕУ им е отворен, што, се разбира, не е точно, подвлече Зајберт.

Портпаролот е категоричен дека кризата од 2015 година не смее да се повтори, информира „Дојче веле”.

За време на телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган инсистирал на „распределување на товарот во ситуацијата со бегалците“.

Пред неколку дена Ердоган ја отвори границата за бегалците во правец на Грција и сега илјадници мигранти се обидуваат да стигнат до територијата на Европската унија.

Меркел како неприфатлива ја оцени политиката на Ердоган. Таа изјави дека е разбирлива желбата на Анкара да добие поголема поддршка од ЕУ за ова прашање, но овие цели не треба да се спроведуваат врз грбот на бегалците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он