Зајакнати мерките за безбедност по експлозиите во Бостон

Од:

Мерките за безбедност во Бостон беа зајакнати по двете експлозии на маратонот вчера, во кои загинаа најмалку три, а ранети 140 лица.

Вооружени полицајци ќе патролираат по улиците на градот и ќе проверуваат чанти во јавниот транспорт денеска. Се очекува животот во Бостон да се врати кон вообичаениот ритам, но областа околу експлозиите ќе остане изолирана.

Некои цркви ќе ги отворат вратите за луѓето, кои бараат утеха.

Претставник на Белата куќа, кој побара анонимност, изјави дека експлозиите се разгледуваат како терористички акт. Истрагата за експлозиите е преземена од ФБИ. Засега нема осомничени, ниту кој ја презел одговорноста за експлозиите.

Меѓу убиените е осумгодишно момче. Неговата сестра и мајка му се ранети. Тие го чекале нивниот татко да го заврши маратонот.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он