Захарова: САД подготвуваат незаконска инвазија на Венецуела

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека „во секој момент е можна уште една незаконска американска инвазија“ на Венецуела.

Пред неколку дена беше објавено дека американски безбедносни сили ќе бидат распоредени во Колумбија за да им помогнат на колумбиските сили.

– Зборуваме за неколку стотици таканаречени воени советници. Тоа се луѓе кои биле ангажирани во Авганистан и ова е првпат да се испраќаат такви специјални сили во Латинска Америка. Ретко кој може да верува дека тие ќе им помагаат, затоа што фактот дека тие се распоредени во близина на границата со Венецуела, укажува на заклучок дека може да се случи уште една нелегална инвазија на таа земја во секој момент, оцени Захарова.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија