Захарова: САД ќе ги задржат своите пропагандни медиуми

Од:

САД ќе ги задржат своите пропагандни медиуми – ја коментираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, идејата на Ричард Гренел и Илон Маск, САД да ги затворат медиумите кои во Русија се признаени како странски агенти, пренесува Спутник.

На прашањето на весникот „Комсомолскаја правда“ зошто Маск предлага да се затворат радиостаницата „Гласот на Америка“ и медиумската корпорација „Радио Слободна Европа“ (и двете класифицирани како странски медиуми во Русија), Захарова одговори дека причината е што споменатите медиуми не ја пропагираат американската надворешна политика.

„Тие не ја промовираа надворешната политика на САД, туку идеологијата на ултра-либерализмот и работеа против внатрешните политички противници на Америка“, рече дипломатот, нагласувајќи дека „САД ќе ги зачуваат своите неуспешни ресурси“.

Како што вели, „само ќе ги реформатираат за да одговараат на новата реалност“.

Претходно, Илон Маск предложи затворање на предметните медиуми, истакнувајќи дека „никој повеќе не ги слуша“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Распоредувањето ракети во Норвешка негативно влијае на односите меѓу Русија и САД

А1он

Захарова: Британски воени објекти и техника може да бидат цел на руски напад

Фон дер Лајен е лажга, вели Марија Захарова

Захарова: За Зеленски, војната е како казино

А1он

Захарова му порача на Макрон: Погледнете ги сликите од убиените деца во Старобељск

А1он

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат